Минатата недела најмногу заболени на возраст од 20-29 години и 30-39 години

Најголемо зголемување на бројот на новозаболени од ковид-19 за периодот од 28 септември до 4 октомври се бележи во возрасните групи од 20-29 години и 30-39 години, за 60% односно 46,1%, соодветно, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје. Министерството за здравство соопшти дека за тој период тестирани се 9.832 материјали, или 2,1,5 % повеќе во однос на минатата недела. Регистрирани се 1.203 нови позитивни случаи од 31 град во државата, што претставува зголемување од 35,5 % во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (519; 43,1 %), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово – 192,3 на 100.000 жители.

Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 12.2 % или 3 % повеќе во однос на претходната недела. Пријавени се 30 смртни случаи, 7,1 % повеќе во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 24 лица биле над 60 години, а 6 лица на возраст од 50-59 години. 29 од случаите биле хоспитализирани, а само едно лице од починатите не било хоспитализирано. Коморбидитети се регистрирани кај 20 починати лица.

Треба да знаете
Последни објави