МОН: Од почетокот на учебната година досега во изолација се вкупно 53 ученици и 8 наставници

Министерството за образование и наука преку соопштение информира дека од почетокот на учебната година досега во изолација се вкупно 53 ученици и 8 наставници. Во сите училишта каде има позитивни случаи во рамки на наставата со физичко присуство се постапува навремено, согласно протоколите и алгоритмите, со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштитат останатите ученици и учесници во образовниот процес.

Во овој момент дополнително се истакнува потребата од учење од далечина, односно од комбиниран модел на настава кој се применува во училиштата. Имено, шест од вкупно осум наставници не биле во директен контакт со децата, бидејќи предавањата ги држат онлајн. Дополнително, сите наставници и ученици кои се во изолација преминуваат на учење од далечина, со што се обезбедува континуитет на образовниот процес. МОН потесетува дека паралелно со онлајн наставата, се реализира и емитување на 15 минутни часови на телевизија преку Националната радио телевизија. Исто така се доставуваат печатени материјали до децата и тие се во постојана комуникација со нивните наставници.

Треба да знаете
Последни објави