Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија, претставник на повеќе од 2570 слепи и слабовидни лица, по повод 8 октомври – Светскиот ден на видот, апелира секој барем еднаш годишно да посети офтамолог за комплетен офталмолошки третман.
-Кога последен пат ги проверивте Вашите очи? Кога последен пат направивте нешто за себе, за здравјето на вашите очи? Ако редовно одите на фризер, на козметички третмани и се грижите за вашето тело, спортувате, редно време е да го направите тоа и за вашите очи, за истите и понатаму да продолжат да го гледаат одразот во огледалото. Освестете се дур не биде премногу доцна. Затоа што пна што очоте го гледаат не се опишува со зборови. Помогнете си себеси. Ќе ве чини 10 мин од Вашиот ден, но ќе ве чини вид за цел живот, апелираат од Сојузот.
Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија се приклучува на меѓународната кампања по повод Светскиот ден на видот кој се одбележува секогаш вториот четврток на месец октомври.