Шефот на информативниот деск на телевизија Црна Гора, Бојан Терзиќ поднесе оставка од таа позиција поради, како што наведе во барањето за разрешување, незадоволство од информативната програма на телевизијата.
Во барањето упатено до генералниот директор на РТЦГ Божидар Шундиќ, директорот на ТВЦГ Славко Ѓурѓиќ и уредничката на првата програма Александра Павичевиќ, тој истакна дека долго време не се согласува со тоа како изгледа информативната програма на ТВЦГ, посочувајќи дека одредени теми биле третирани на крајно несоодветен начин, како на пример односот меѓу Црквата и коронавирусот, што бил емитуван во вторникот во вторите вести.
Трезиќ истакна дека во тие пролози, меѓу другото, се кршат професионалните стандарди и Кодексот на новинарите.
Долгогодишниот новинар на РТЦГ, Зоран Лековиќ вчера апелираше под итно нешто да се направи во врска со, како што рече, непрофесионализмот, говорот на омраза и ширењето на верска и национална нетрпеливост на јавниот сервис.