Продолжениот викенд ќе биде искористен да се завршат градежните активности на улицата „11 Октомври“, влезот во Скопје е готов

За време на продолжениот викенд  се планира да биде завршена реконструкцијата на улицата „11 Октомври“ кај Зелено пазарче во централното градско подрачје. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов најави дека денеска и утре ќе се асфалтира коловозот, а за време на продолжениот викенд ќе се работи на крстосницата кај Собранието и гужвите во овој дел од градот ќе бидат минато, а граѓаните ќе возата по нова патна инфраструктура.

За само 30 дена со забрзана динамика на изведување на градежните активности и деноноќно работење, реконструиран e и булеварот „Александар Македонски“ во правец кон влезот на Скопје во должина од околу 5,3 километри. Од денеска тој дел е пуштен за сообраќај.

Источниот влез на Скопје од денеска функционира без сообраќајни гужви. Оваа делница од булеварот беше во лоша состојба и не беше реконструирана 40-на години. Градежните активности за целосна реконструкција на булеварот „Александар Македонски“ продолжуваат во правец кон излезот на Скопје, исто така, во должина од 5,3 километри.

Треба да знаете
Последни објави