Холивудскиот актер Роберт Дауни Јуниор го глумеше Шерлок Холмс, детективот создаден во бујната фантазија на шкотскиот автор сер Артур Конан Дојл, во филмот на Гај Ричи од 2009 година и неговото продолжение од 2011 година.
55-годишниот актер и пејач, ѕвездата на познатиот серијал „Железен човек“ или „Ијронмен“ во филскиот универзум на „Марвел“ се надева дека ќе започне сличен серијал за легендарниот детектив Шерлок Холмс, кој има реноме за решавање на најсложените мистерии.
Говорејќи на Фестивалот за иновации на „Фаст компани“, тој објасни: „Во овој момент, чувствуваме дека недостасува мистерија, а Конан Дојл е последниот глас во таа арена до денес, па затоа, зошто да се прави трет филм ако не можете да издвоите некои вредности на диверзитет и други времиња и елементи.“
„Ние не сме повторувачи, не сакаме само да се обидуваме да го правиме она што е веќе направено некаде. Мислам дека самиот модел стана многу подимензионален отколку што беше порано “.