На 08.10.2020 во 02.30 часот во СВР Скопје, 63-годишна жена од скопско село пријавила дека на 07.10.2020 околу 22.30 часот, по претходна расправија, физички била нападната од нејзината 40-годишна ќерка.
При тоа ѝ била нанесена тешка телесна повреда, констатирана во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.