Јорданскиот крал Абдулах го именува искусниот дипломат и соработник на кралската палата Бишер ал Касавнех за нов премиер, неколку дена откако ја прифати оставката на Омар ал Разас.
Кралот го распушти Парламентот на 27 септември на крајот на четиригодишниот мандат и во согласност со Уставот, Владата мораше да поднесе оставка во рок од една недела.
Кралот Абдулах изјави дека верува оти Касавнех, кој беше преговарач во мировниот процес со Израел, ќе состави влада, која ќе одговори на предизвиците пред кои се наоѓа Јордан.
Касавнех ќе ги набљудува парламентарните избори,што ќе се одржат на 10 ноември. Јордан се соочува со вториот бран од новиот коронавирус, а граѓаните се незадоволно поради економскта состојба и мерките за сузбивање на епидемијата.