Анонимен повик за поставена бомба во судот во Атина

Непознато лице, пред девет часот утрово со телефонски повик во информативниот портал „Зугла“ предупредило дека постои експлозивна направа во атинскиот суд, каде што денеска продолжува рочиштето за Златна зора. Непознатото лице не дало дополнителни информации околу местото каде што е поставена бомбата или конкретен временски период.

Според информациите во грчките медиуми, станува збор за лажен повик со оглед на тоа дека полицијата го проверила просторот и не пронашла ништо. Анонимниот телефонски повик е испратен помалку од четири часа пред денешното рочиште за соопштување на казните за лидерот и поранешните пратеници на Златна зора, откако вчера беа прогласени за виновни за формирање на криминална организација и учество во неа.

Треба да знаете
Последни објави