Германскиот играч за врска Месут Озил ќе го напушти англискиот фудбалски премиерлигаш Арсенал следното лето откако му заврши договорот, пишува „Дејли меил”.
Според изворот, 31-годишниот Германец неодамна изразил незадоволство од управата и стручниот штаб на „топчиите”, поради што е одлучено да не се продолжи договорот со него.
Озил игра во Арсенал од 2013 година. Во сезоната 2019/20, тој одигра 23 натпревари за тимот, постигна еден гол и три асистенции.