(Видео): Драгиќ во солзи, повредата посилна од желбата да игра

Словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ не го одигра ниту четвртиот натпревар од финалето во НБА-лигата во кој неговиот Мајами загуби од Лејкерс во уште еден интеесен дуел.

Одличниот Словенец се повреди на првиот натпревар на овие екипи и поради тоа ги пропушти натпреварите, иако постоеше можност тој да заигра на вчерашната средба.

Но, на загревањето Драгиќ ги почувствува истите проблеми, па се повлече на клупата. Камерата го фати Драгиќ многу потресен на клупата. Плачеше затоа што не може да игра и ова е навистина исклучително емотивен момент за него.

Треба да знаете
Последни објави