Заев и Филипче да се грижеа толку за здравјето на граѓаните немаше Македонија да е на прво место по смртност во регионот.
Владата да се грижеше за ситуацијата со КОВИД-19 немаше здравствениот систем да е пред колапс.
Уште не е започната сезоната на грип, Македонија веќе има наплив на новозаразени од корона вирусот.
Ако состојбата е алармантна денес, што може граѓаните да очекуваат за месец или два?!
Македонија е единствена држава, која поради неспособноста на Заев и Филипче немаше крај на првиот бран на корона вирус.
Бројката на новозаразени не се намалува туку расте од ден во ден, и секој ден сме соочени со нов пик.
За несигурноста која ја внесоа кај граѓаните, мора да има одговорност.