„Ворнер брос“ ги одложи големите хитови Dune и The Batman

„Ворнер брос“ соопшти дека ги одложува премиерите на двата блокбастера „Дјун“ и „Бетмен“, уште еден неуспех за забавната индустрија погодена од мерките за самоизолација и социјално дистанцирање што ги затворија киносалите ширум светот.

Филмската индустрија доби нов удар во понеделникот кога „Синеворлд“, вториот по големина синџир на киносали во светот, соопшти дека ќе ги затвори своите киносали во Велика Британија и САД, а за својата одлука вината ја префрли на неподготвеноста на филмските студија да продолжат со премиери на големите хитови.

Сепак, „АМЦ Ентертејмент“, светскиот кинооператор број 1, во вторникот изјави дека повеќето од неговите кина во САД и Европа ќе останат отворени.

Научнофантастичниот филм Dune, во режија на канадскиот режисер Денис Вилнев, ќе почне да се прикажува во октомври 2021 година, наместо годинава. Премиерата на The Batman, во кој глуми Роберт Патинсон, е преместена во пролет 2022 година.

Треба да знаете
Последни објави