Во последните 24 часа бројот на новозаболени од коронавирус во Хрватска е поголем од кога било досега. Регистрирани се 542 позитивни случаи од 5.939 тестирани.
Бројот на активни случаи во Хрватска изнесува вкупно 2.206.
Меѓу нив, 361 пациент е во болница, од кои 27 се на апарати за дишење. Едно лице починало. Станува збор за човек роден во 1937 година, кој починал во болницата во Карловац, објави Индекс.хр.