Никола Димитров во гостувањето во утринската програма на ТВ 24 рече дека и покрај тоа што не сме во пристапниот процес нашата подготвеност е значителна и во таа смисла со оглед на кризите во ЕУ нема многу можности за успешна приказна.
„Самата претсетдателка на комисијата Фон дер Лаен кажа дека тоа е историска одлука. Нашата одлука за разлика од таа на Албанија беше неусловена и ќе биде лошо за кредибилитетот на ЕУ во регионот, ако една безусловна одлука не се спроведе преку одржување на првата меѓувладина коференција. Европа има голем влог и нашиот влог е голем, многу време изгубивме направивме пробив и ги решивме прблемите соседите и сакаме да ја добиеме оваа алатка и да ја донесеме Европа дома, за да младите не си ја бараат иднината надвор.“ – рече Димитров
Тој рече и Бугарија има влог, и ќе изгубиме сите ако имаме неуспех, а ќе добиеме сите ако успее Има потреба за уште дипломатија и политички контакти и убедување. Димитров смета дека изјавите на Каракачанов не придонесуваат за добробит на Балканот. Има искушенија кај политичари да се злоупотреби за добивање на кредит, но на долг рок со зрелост и со мудрост ќе направиме добро ако наред ја туркаме работата.
„Има парадокс во сегашниот прблем, македонскиот и бугарскиот народ сакаат да бидат пријатели, но пријателстто е двонасочна улица и бара достоинство од двете страни. Ние имаме легитимно очекување во Европа, нашите соседи да го почитуваат нашето достоинство и самоизјаснување кои сме и аков јазик зборуваме.“ – рече Димитров.
Гоце Делчев е важен за двете народи и неговата оштавштина не одговара со ваква расправа и треба да не поврзува, а не разделува, рече Димитров.