И Словенија пријави рекорден број на заразени со коронавирусот

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени рекордни нови 387 случаи на инфекција со Ковид-19, на 3.665 направени тестови, објави словенечката влада.

Оваа информација доаѓа откако и во соседната Хрватска беше пријавена рекордна дневна бројка од 542 позитивни случаи.

Во Словенија и вчера имаше рекорд од 356 новозаразени на речиси четири илјади тестови, но денеска тој број е надминат со +31.

Бидејќи во земјата има 116 случаи на 100.000 жители, Германија прогласи уште четири словенечки региони како епидемиолошки ризични, па затоа за луѓето од поголемиот дел на земјата е потребен негативен тест за корона при влез во Германија.

Бидејќи бројот на хоспитализирани лица е во пораст, владата нареди да се отворат нови ковид-оддели во болниците и т.н. црвени зони во домовите за стари лица.

Претставник на владиниот експертски тим синоќа изјави дека со сегашниот негативен епидемиолошки тренд, бројот на лица заболени од Ковид-19 во болниците може да се искачи на околу 300, односно дека за две недели ќе биде појасно дали новите ограничувачки мерки дале резултат.

Треба да знаете
Последни објави