Куртоа ја напушти репрезентацијата на Белгија

Голманот на шпанскиот фудбалски првак Реал Мадрид и на репрезентацијата на Белгија, Тибо Куртоа се повреди на тренинг, пренесува „АС”.

Според изворот, 28-годишниот голман има проблеми со бутен мускул.

Куртоа ќе го пропушти денешниот пријателски натпревар на Белгија против Брегот на Слоновата Коска, како и натпреварите во Лигата на нации против Англија (11 октомври) и Исланд (14 октомври).

Треба да знаете
Последни објави