ЛА Лејкерс против Мајами води со 3:1 во победи во финалната серија од НБА-кошаркарската лига што се игра кој прв до четири триумфи. Тимот од ЛА предовден од Леброн Џејмс го дели уште една победа од освојување на 17. титула во НБА-лига. Лејкерс е подготвен да ја оствари потребната четврта победа против Мајами уште во петтиот меч, а тоа го потврди со најавата дека одлучиле да го одиграат шампионската меч-топка во „мамба“ дресовите кои се посветени на легендарниот Коби Брајант, кој годинава во јануари во хеликоптерска несреќа го загуби животот.
Круна на оваа долга НБА-сезона која беше прекината поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, ЛА Лејкерс треба да стави со освојувањето на шампионскиот прстен и ќе му биде посветен на трагично загинатиот Коби.
Мечот меѓу Лејкерс и Мајами ќе се игра в петок спрема сабота во 3 часот по полноќ.