Македонија води 1:0, Косово си даде автогол

Само 16 минути им требаа на македонските фудбалери да поведат со 1-0 против Косово. Во една од првите опасни акции кон голот на гостите, Стефан Ристовски беше сам на десната страна и упати не толку опасен шут, но Кољоли го сврте правецот на топката и таа заврши во мрежата за голема радост на Рисовите.

Селекторот Игор Ангеловски воопшто не експериментираше во однос на стартниот состав за историскиот меч со Косово, па иако има мала промена на системот, единствена новост во поставата е тоа што Егзон Бејтулаи ќе игра на местото на Елиф Елмас. Младата ѕвезда на Наполи не може да им помогне на своите соиграчи поради коронавирусот, па селекторот Ангеловски одлучи Бејтулаи да игра на позицијата лев бек во одбраната, а Езџан Алиоски да добива далеку поофанзивни задачи, слично како што беше случајот на последниот меч за Лидс Јунајтед.

Димитривески е меѓу диреците, а покрај Бејтулаи, во одбраната се Ристовски, Велковски и Муслиу. Во средниот ред се Адеми, Николов, Алиоски и Барди, додека во нападот предводници се капитенот Горан Пандев и Илија Несторовски.

Треба да знаете
Последни објави