Претседателот Пендаровски на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020″

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Братислава ќе учествува на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020″, каде ќе има собраќање на тема „Западен Балкан по Ковид-19″.

За време на работната посета на Братислава, предвидено е Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, да оствари билатерална средба со Сузана Чапутова, претседателка на Словачката Република, Мирослав Лајчак специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за други прашања за Западен Балкан и Олга Стефанишина, заменик премиерка за европска и евроатлантска интеграција на Украина.

Годинешниот форум „ГЛОБСЕК 2020″ се одржува под мотото „Заеднички да го излечиме светот – опоравување по целосното затворање”, а темите на дискусија се фокусирани на влијанието на кризата од Ковид-19 врз повеќе сфери од општествениот, економскиот, социјалниот и политичкиот живот, како и можностите за изнаоѓање одржливи решенија во периодот што следи.

На конференцијата ќе учествуваат шефови на држави и влади, министри за надворешни работи, парламентарни делегации, претставници од бизнис заедницата, како и бројни претставници на влијателни меѓународни невладини и тинк-тенк организации од Европа и светот. Сесиите во рамки на ГЛОБСЕК можат да се проследат со пренос во живо преку  нивната веб-страница: https://www.globsec-week.globsec.org/bratislava-forum, стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави