За време на продолжениот викенд се планира да биде завршена реконструкцијата на улицата „11 Октомври“ кај Зелено пазарче во централното градско подрачје. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов најави дека денеска и утре ќе се асфалтира коловозот, а за време на продолжениот викенд ќе се работи на крстосницата кај Собранието и гужвите во овој дел од градот ќе бидат минато, а граѓаните ќе возата по нова патна инфраструктура.
За само 30 дена со забрзана динамика на изведување на градежните активности и деноноќно работење, реконструиран e и булеварот „Александар Македонски“ во правец кон влезот на Скопје во должина од околу 5,3 километри. Од денеска тој дел е пуштен за сообраќај.
Источниот влез на Скопје од денеска функционира без сообраќајни гужви. Оваа делница од булеварот беше во лоша состојба и не беше реконструирана 40-на години. Градежните активности за целосна реконструкција на булеварот „Александар Македонски“ продолжуваат во правец кон излезот на Скопје, исто така, во должина од 5,3 километри.