Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ на 9 октомври 2020 година (петок) од 12- 13 часот во хотел „Солун“ во Скопје, ќе одржи Промоција на нов туристички водич и мобилна апликација на пет јазици, вебсајт и промотивни сувенири за новата туристичка тура Монументал МК – Споменици и бруталистичка архитектура.
Овој настан ќе се реализира во рамките на проектот „Споменици и бруталистичка архитектура во Северна Македонија: Поттикнување на туристичката промоција за поддршка на локалниот развој“ имплементиран од страна на Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) од Скопје. Главната цел на проектот е да се поттикне локалниот развој преку мапирање на локации и развој на нова и автентична тура која домашните и странските туристи ќе можат да ги искусат преку користење на нови иновативни алатки за туристичка промоција. Проектот е финансиран од грант на Проектот за развој и промоција на туризмот на Регионалниот совет за соработка и Европската Унија во обид да се придонесе за растот и конкуренцијата на шест економии од Западниот Балкан преку поддршка за развој и промоција на заедничката регионална, културна и алтернативна понуда.
Имајќи ги предвид новонастанатите околности со пандемијата на КОВИД – 19, убедени сме дека со вашето присуство ќе го поттикнеме интересот на пошироката јавност за заборавеното наследство и ќе ја подобриме промоцијата и посетата на домашните туристички локации. Мобилната апликација Monumental MK e веќе достапна на Google Play и iStore како и нашиот сајт www.monumental.mk.
Изјави за медиумите ќе можете да земете од 12:00 – 12:15 часот. Во прилог е програмата за настанот. За сите дополнителни прашања/информации можете да не контактирате на events@isie.org.mk или 071/383 313.