Поранешниот член на рок-групата „Бон Џови” – Ричи Самбора воопшто не жали за заминувањето од бендот, оти потоа имал многу повеќе време, што ѝ го посветил на својата ќерка.
Неименуван извор за списанието „Пипл” вели дека Самбора жртвувал многу во период кога Ејва имала 15-16 години, а мајка ѝ имаше проблеми со своето семејство, а потоа и со законот. Тоа го сторил за да минува повеќе време со ќерка му. Тој е многу горд на тој свој потег.
Самбора беше член на „Бон Џови” 30 години, пред да ја напушти групата 2013 година.
Ејва му е ќерка нему и на познатата ТВ-глумица Хедер Локлир. Инаку, тие сега се поранешни сопружници, но заедно ги прославуваат родендените на ќерка сѝ од кои последниот беше деновиве.
Ејва пред неколку месеци дипломира на католичкиот Лојола Меримаунт универзитет во Лос Анџелес.