Спасовски на средба со шефот на мисијата на ОБСЕ, Клеменс Која

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

Министерот Спасовски му се заблагодари на амбасадорот Која за целокупната поддршка што ја има МВР од Мисијата на ОБСЕ во целиот период на реформирање на полицијата. Амбасадорот Која му честита на министерот Спасовски за управувањето со техничката влада во период на кризата со Ковид 19, и му посака успех и во овој мандат како министер за внатрешни работи. Соговорниците се согласија дека одличната соработка  меѓу МВР и Мисијата на ОБСЕ во претходниот мандат како министер на г-дин Спасовски, ќе продолжи и во овој мандат и дополнително ќе се интензивира.

Спасовски и Која се согласија дека во наредниот период интензивно ќе се работи на имплементирање на стратегиите кои беа изработени заеднички, а се во насока на подобрување на функционирањето на полицијата.

Треба да знаете
Последни објави