Средба Мицоакис – Фон дер Лајен преку видеоконференција

Мигрантското прашање, односно ситуацијата на Лезбос и новата спогодба за миграција и азил , Фондот за закрепнување, како и Источниот Медитера биле темите за кои разговараа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на нивната денешна средба преку видеоконференција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во заедничката изјава велат дека на Европа ѝ е потребен „предвидлив, праведен и издржлив систем за управување со мигрантското прашање”, што ќе вклучува еднакво распределување на одговорноста и солидарноста, а истакнуваат дека состојбата на Лезбос, по пожарите во Мориа и понатаму е итна.

Во однос на економијата, Мицотакис и Фон дер Лајен истакнале дека ја очекуваат презентацијата на нацрт планот со предлозите на Грција за Фондот за закрепнување и изразиле увереност дека „планот ќе ја одрази амбициозната агенда за реформи и инвестиции кон позелен и подигитален развој за доброто на грчкиот народ, а особено на новите генерации”.

На средбата била спомената и ситуацијата во Источниот Медитеран и го повториле ставот дека Турција е должна да ги направи неопходните чекори за да се намалат трнзиите во регионот и да се насочи кон конструктивен диалог со Грција, Кипар и ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави