Околу шеесет лица, осомничени дека преземале и прегледале илјадници детски порнографски фотографии и видеа, се уапсени во Франција во контекст на голема мрежа. Пребарувањата дозволија заплена на повеќе од 67 компјутери, телефони или таблети, сто надворешни хард дискови, 120 УСБ-клучеви или ЦД-а, јави дописникот на МИА.
-Меѓу притворените, на возраст од 28 до 75 години, најмалку четворица се исто така обвинети за силување на малолетници по експлоатацијата на нивната компјутерска опрема, изјави за медиумите Ерик Беро, шеф на Централното биро за сузбивање на насилството врз лица, кое ја координираше операцијата.
-Ова покажува дека преземањето датотеки со детска порнографија не е тривијално. Имаме луѓе кои потоа можат да преземат нешто , нагласува комесарот. Еден од нив е спортски едукатор во два фудбалски клуба.
Имам, информатичар, пензиониран професор, вработени, невработени, кадри: „Нема единствен профил. Сите социјални слоеви се погодени”, подвлекува раководителот на Бирото. Единствениот заеднички именител, „тие се 99 отсто мажи”, со исклучок на двојка која заедно ги консултирале сликите. Околу десет од нив веќе им беа познати на судовите за овој вид на дело и беа внесени во автоматското судско досие на сторители на сексуални престапи.
Уапсените се со потекло од триесетина различни депратмани, и нивното апсење бараше мобилизација на 220 полицајци. .
Истражните органи, потпомогнати од американскиот софтвер што го користел ФБИ, успеале да навлезат во овие мрежи на директна размена на фотографии, да ги следат ИП адресите и да детектираат преземања. Повеќе од сто надворешни хард дискови, сто телефони и лаптопи, скоро 150 УСБ-клучеви, ДВД и ЦД-а беа запленети при претресите и доведоа до откривање на стотици илјади детски порнографски фотографии и видеа. Едно од испитаните лица беше опремено дури и со „сервер со ладење на вода со преземени податоци од 176 терабајти”, рече Беро.