Во Јадранско Море во близина на Тирана синоќа 13 минути по полноќ е регистриран земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар од Тирана и 27 километри северозападно од Драч на длабочина од 10 километри. Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.