Ураганот Делта го погоди најпознатото мексиканско летувалиште Канкун, но штетата што ја предизвика е помала отколку што предвидуваа властите. Ураганот ослабе кога стигна од Пацификот до копното, а илјадници туристи и жители на Канкун веќе беа евакуирани во засолништата. Само превртените чамци, поплавените улици и стаклото од искршените прозорци сведочеа за невремето.
Американскиот Национален центар за следење на ураганите издаде предупредување за некои американски делови на Мексиканскиот Залив, што се наоѓаат на патот на ураганот Делта