Aнита Муцај Харадинај, новинар на РТК и сопруга на поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај, синоќа e примена во Ургентниот центар во Приштина откако ja претепал нејзиниот сопруг, Рамуш Харадинај, пренесуваат албанските медиуми. Таа, пак, преку објава на Фејсбук негираше сè и објасни дека тие се среќни заедно веќе 17 години.
„Веќе 20 години работам и сум дел од медиумите во Косово и денес изразувам жалење за медиумското ниво и тенденцијата да се произведуваат банални вести, банални наслови и озборувања за два клика повеќе или помалку, многу пати сум била дел од ваквите вести и сфатив дека игнорирањето би било вистинска форма за одговор на шпекулациите, но ова синоќешното беше невозможно да се игнорира затоа што сум нечија мајка, сестра, пријателка, пријателка и нормално дека тоа вознемирило некого некаде! Затоа е срамно да се произведуваат толку ниски вести! „Јас сум многу добро и веќе 17 години сум многу добро со Рамуш “, пишува таа.