Хоти кој на работа си носи сендвичи од дома, за престојот во САД потрошил 8.363 евра

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, потрошил 8.363 евра за време на неговиот неодамнешен шестдневен престој во Вашингтон. Тој отпатува за САД на 31 август на покана од Белата куќа, а за авионски билет платил 2.141 евра, пренесува порталот Репортери.

Хоти, за кој беше кажано дека е скромен човек и на своето работно место си носи за ручек интегрални сендвичи од дома, потрошил 2.246 евра на храна, такси и други услуги за време на неговиот престој во САД. За сместување, Хоти потрошил 3.282 евра од буџетот, додека добил дополнителни 693 евра на ден за дневници. Хоти беше во Вашингтон од 31 август до 4 септември, кога со Белград беше потпишан договор за нормализирање на економските односи.

Треба да знаете
Последни објави