Четворица од Интер имаат коронавирус

Полудефанзивецот на Интер, Раџа Наинголан и Роберто Гаљардини, исто така, беа тестирани позитивни на КОВИД-19, според „Ла Газета дело Спорт”.

Така, веќе четворица играчи на „нероазурите” можат да го пропуштат претстојното дерби со Милан поради коронавирусот. Другите двајца со позитивни резултати досега се Алесандро Бастони и Милан Шкрињар.

Интер сè уште официјално не ги потврди резултатите од Наинголан и Гаљардини.

Златан Ибрахимовиќ и Лео Дуарте во таборот на Милан пак се со позитивни тестови.

Треба да знаете
Последни објави