Џафери: Власта не го злоупотребува Собранието преку скратените постапки

Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва во емисијата 24 Анализа, се осврна на средбата со еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји и на неговото обраќање во Парламентот, како и на доставениот Извештај од Европската комисија, односно за пофалбите и критиките за Собранието.

– Ова не е прв извештај во кој Собранието се пофалува и се истакнува во позитивна насока. Но, конечно барем од медиумите го третирате тој дел од Извештајот и да се обзнани дека тоа Собрание не е тоа што се прави, перцепцијата се сите други работи околу Собранието, околу пратениците, дека има и работи кои се одработени во претходниот мандат и убеден сум дека ќе продолжи и во тој ритам да се одработи, обврски што произлегуваат како претставници на граѓаните, рече Џафери.

Со моето доаѓање, како што рече, сум направил напори заедно со раководството, со координаторите, со пратеничките групи, со службата, Собранието да се отвори кон јавноста, особено во комуникација со медиумите, со граѓанските асоцијации кои работат на прашања за правата на човекот…

-Направивме заеднички Собранието да ја има таа перцепција што ја нотира и меѓународната заедница. Секако, стојат оние укажувања по однос на начинот на работа, особено по скратените постапки, рече Џафери.

Посочи дека ако се гледа Извештајот по делови, состојбата со скратените постапки во 2018 година е драстично пониска во однос на 2019 година, но смета дека треба да се имаат предвид обврските што ги имало Собранието како рокови и постапувања поставени пред него во очекување на определување датум за октомври. Треба да се земат предвид сите обврски што биле завршени во текот на 2018 и во 2019 година од Собранието. Додаде дека според негова проценка и на раководството, дека не можело сите работи да се завршат во редовна постапка, ако се земат предвид временските рокови.

– Свесен сум дека сите стрелки се вперени кон мене како претседател на Собранието, нагласи Џафери. Посочи дека сите треба да се коректни и објасни дека претседателот на Собранието не е надлежен да одлучува за аспектот на одлука за скратена постапка, за тоа се пленарната седница на пратениците и пратеничките групи.

Џафери вели дека околностите треба да се гледаат во целина, а не само како сегменти и само за тоа да се расправа. Тој рече дека има позитивни страни во Извештајот, што е за истакнување, но, како што рече, има задачи кои ние треба да ги спроведе и јас од тоа не бегам.

Треба да знаете
Последни објави