На 27 април, претседавачот со конститутивната седница немаше можност да го исклучи микрофонот на собраниската говорница, сведочеше денеска пред судот наследникот на Вељановски. Талат Џафери појасни дека Собранието во тој момент не поседувало техника со која претседателот директно може да прекине обраќање од говорницата.
„Немаше можност ниту до 27, ниту по 27 април претседателот да го исклучи микрофонот на говорницата. Потоа јас побарав тоа да се инсталира“, изјави во судницата собранискиот спикер Џафери.
Тој сведочеше по барање на поранешниот претседател Вељановски кој според обвинението не го исклучил пратеникот што ја пеел албанската химна па почнале тензиите во Собранието. Според адвокатите, исказот на Џафери целосно го негира тврдењето на обвинителството.
„Тоа е факт кој што само го потврди господинот Талат Џафери, дека во тој момент техничка можност и извод на електронски тастер со кој што претседавачот би можел да исклучи говорник на говорницата не постоел и дека тоа по негов налог е направено подоцна, но на 27.04 такво нешто не постоело, изјави Еленко Миланов, Адвокат на Трајко Вељановски.
Како наводни организатори на крвавиот четврок обвинети се уште поранешните министри Јканакиески, Ристовски и екс директорот на УБК, Атанасовски. Судењето продолжува наредната недела со сведочења на уште неколкумина пратеници.