Џеф Бриџис за сопругата Сузан: Toa беше љубов на прв поглед

На 5 јуни, оскаровецот Џеф Бриџис и неговата сопруга Сузан Гестон прославија импресивни 43 години брак, ретка романтична пресвртница особено во Холивуд.

„Навистина сум благословен“, рече 70-годишниот актер во интервју за „Пипл“ во средата.

„Ние сме многу различни како луѓе и тоа го славиме наместо да дозволиме да не раздвои. Ја почитувам нејзината мудрост. “

Џеф првпат ја запознал својата сопруга во 1974 година кога таа била 20-годишна келнерка на ранчот „Пардајс вали“ во Монтана, каде што тој го снимал вестернот на Франк Пери, „Ранчо Делукс“.

„Тоа беше љубов на прв поглед,“ вели Бриџис, кој се ожени со неа две години подоцна.

Во ноември минатата година, неразделната двојка го продаде својот ранч Монтесито од 3.517 квадратни метри на сосетката Опра Винфри за 6.85 милиони долари.

Сега живеат во Монтана, а минатиот Божиќ го поминаа во својот нов дом заедно со трите ќерки Изабел (39) Џесика (37) и Хејли (34) и нивните семејства.

 

Треба да знаете
Последни објави