Индонезиската полиција денеска употреби солзавец и водени топови во судирот со демонстрантите, кои трет ден по ред протестираат поради новиот закон за вработување.
Демонстрантите истакнуваат дека законот е контроверзен и оти ги поткопува работничките права и ја ослабнува заштитата на животната околина.
„Омнибус” законот за отворање на работни места е усвоен во Парламент во понеделникот и предизвика гнев ширум земјата.