Горчливиот живот на текстилните работници во пандемија во краткиот филм „Здравјето на конец“ на „Види вака“

Нѐ погоди моментот кога отидовме во домот на една од работничките. Таа е самохрана мајка која ја има изгубено работата пред неколку месеци, додека ја користела мерката за ослободување на родители на малолетно дете до 10 години, раскажува новинарката Христина Ѓорѓиевска, автор на краткиот документарен филм „Здравјето на конец“ во продукција на дигиталната платформа „Види вака“.

Краткиот документарен филм „Здравјето на конец“ зборува за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат текстилните работници во време на пандемијата. Изминативе години постојано слушавме за мрачната страна на текстилната индустрија и за тоа колку им се прекршени работничките права на овие граѓани. Сега гледаме дека кризата предизвикана од коронавирусот уште толку им го отежна животот и испливаа на површина сите недостатоци во овој сектор – вели Ѓорѓиевска за „Факултети.мк.“

Ова е втор филм од серијалот од шест мултимедијални приказни за граѓани што се соочуваат со предизвици во време на пандемијата предизвикана од Ковид-19, а како се одвивала реализацијата на филмотпрочитајте на „Факултети.мк.“

Треба да знаете
Последни објави