Димитров – Едштадлер: Треба да бидеме задоволни од вкупната оцена на Еврокомисијата

 Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари видео-конференциска средба со австриската министерка за Европа, Каролине Едштадлер, на која беше реафирмирана силната поддршка на Австрија за нашите евроинтеграции.
Од Кабинетот на Димитров соопштија дека во фокусот на разговорот биле годинешниот Извештај на Европската комисија за процесот на пристапување на земјата во ЕУ,  Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан, како и билатералната соработка.
– Гласната и принципиелна поддршка на Австрија за европското интегрирање на регионот е уште еден силен аргумент на контото на заедничкиот успех со ЕУ, покрај новата методологија и зеленото светло за почеток на преговорите. Шансата за успех треба да се преточи во резултат како што е заслуженото отпочнување на преговорите на Северна Македонија со Унијата оваа година, истакна Димитров, заблагодарувајќи и’ се на министерката Едштадлер за нејзината лична поддршка и посветеност за реализација на оваа заедничка цел.
Биле разменети мислења и за годинешниот Извештај на ЕК, за кој што соговорниците се согласиле дека Северна Македонија треба да биде задоволна од целокупната оцена на Комисијата, имајќи ги предвид предизвиците со кои земјата се соочуваше во изминатиот период, а кои неминовно влијаеа на динамиката на реформите.
Димитров нагласи дека новата Влада со засилено темпо се посветува на реформската европска агенда и дека Извештајот и овој пат ќе биде корисен патоказ за дефинирање на приоритетите и реформските чекори во овој значаен период.
На средбата министерката Едштадлер одговорила потврдно на поканата на вицепремиерот Димитров за посета на Северна Македонија, која што е предвидено да се реализира во ноември оваа година.
Треба да знаете
Последни објави