Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 36.562.626 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.062.952 пациенти, а оздравеле 27.517.395 луѓе.
-Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 436 нови случаи на Ковид-19, зголемен број во споредба со изминатите денови, со што вкупниот број заразени се зголеми на 21.381 лица. Во изминатото деноноќие од коронавирусот починаа уште шест лица, вкупно 430 од почетокот на епидемијата.
– Бројот на новозаразени со вирусот е зголемен во изминатите 24 часа во Италија за 4.458, објави италијанското Министерство за здравство. Ова е првпат бројот на новоинфицирани да надмине 4.000 од средината на април. Дваесет и две лица починаа во изминатите 24 часа, што е помалку од претходниот ден кога бројот на смртни случаи беше 31. Италија беше првата земја во Европа погодена од вирусот, имаше најголем број на смртни случаи по Велика Британија на европскиот континент – 36.083 и вкупно 338.398 заразени.