Секако дека не сме задоволни со овој степен на напредок, треба уште повеќе, но тоа е процес кој продолжува, нагласи Калеска Ванчева.
Во изминатите 3 години работевме конечно да ги ослободиме институциите, да им дадеме клучни механизми, да можат со сиот свој капацитет да се борат да спречуваат криминал, а особено висока корупција, рече Калеска Ванчева.
Таа додаде дека клучно во изминатиот период е донесувањето на законот за јавно обвинителство и нависитна треба да бидеме задоволни и тоа е една од сериозните причини за напредок во судството, тој закон е клучен, кој треба да овозоможи продожување на сите постапки на СЈО.
Покрај донесувањето на ЗЈО, клучи беа и измените во законот за судски совет, бидејќи му овозможија повеќе механизми на судскиот совет во следење на работата на судовите, судиите и нивно дисциплинирање, дисциплински постапки со конкретни мерки, за нестручно и несовесно врешење на својата фунцкија, нагласи пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева
Таа потести дека тука е и донесувањето на законот за спречување корупција и судир на интереси, кој го донесовме со сеоптфана дебата во Собранието, со натегања, но сепак заедно со опозицијата го донесовме тој закон и заедно со опозицијата ја избравме ДСКС која гледаме дека веќе почнува сериозно да ја работи својата работа.