Извештајот на ЕК како рентген слика на Македонија, го потврдува токму она што ВМРО-ДПМНЕ неколку месеци наназад го повторува, а тоа е дека имаме партизирана Регулаторна комисија за енергетика, наместо независно тело, кое самостојно ќе ги носи одлуките без мешање на власта.
Имено во делот за енергетика од Извештајот децидно стои дека: „Регулаторната комисија за енергетика работи, но нејзината независност е попречена од политичко мешање.“
За жал ова се потврди со однесувањето на РКЕ како партиско тело на СДСМ. Имено, да потсетиме дека РКЕ најпрво не донесе одлука за цена на струјата во законскиот рок од 1 јули 2020, туку тоа го направи после завршување на изборите на 29 јули, со цел да не влијае негативно на изборниот резултат на СДСМ со покалувањето кое го направи во услови на КОВИД криза, кога дозволи зголемување на цената на електричната енергија за 7,4 %.
Постои оправдана причина јавноста да се сомнева во постапките на регулаторот, кој треба да е целосно независен и одвоен од власта. За жал со доаѓање на СДСМ на власт, независноста на ова тело се наруши, бидејќи наместо стручност и компетентност, единствен критериум за избор е партиската припадност и послушноста кон Зоран Заев.
За поскапувањето на струјата, претседателот на Регулаторната комисија истакна дека: „Одлуката за зголемување на цената на струјата била донесена врз основа на детални анализи и дополнителни податоци добиени од енергетските компании. Како и дека според него, граѓаните треба да имаат разбирање за ова поскапување бидејќи барањата на енергетските компании детално биле анализирани и побарани биле дополнителни податоци, бидејќи доколку ги прифателе нивните барања, тогаш цената ќе се зголемела за 25 проценти.“
Нека не ја замајува јавноста Претседателот на РКЕ со вакви „изјави“, бидејќи анализата на РКЕ за новите цени се прави врз основа на трошоците за компаниите за 2019 година. А, јавноста е сведок дека во 2019 година немавме корона криза.
Згора на сė, за универзалниот снабдувач се обезбедува огромна маржа од 11,5 %, која е повторно на грбот на граѓаните на Република Македонија. Ако се погледнат приходите на ова компанија за 2018 и 2019 година ќе се забележи дека компанијата има профит од околу 35 милиони евра. Тогаш зошто е потребно зголемување на цената ако компанијата нема загуби? Дали на овој начин Заеви дозволуваат профит на приватна компанија на грбот на граѓаните на Република Македонија преку партизираната РКЕ?
https://www.facebook.com/114970813274351/posts/349174276520669/?extid=0&d=n