Компаниите што се корисниците на кредити од првата бескаматна кредитна линија Ковид 1 имаат можност да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за три месеци.
Спред Јавниот повик објавен на веб страницата на Развојната банка на Северна Македонија барањата може да се поднесат најдоцна до 14 октомври 2020 година. Со оваа мерка, на постоечките корисници на кредитни линии од Развојната банка ќе им бидат обезбедени дополнителни три3месеци грејс период пред да започнат со исплата на ануитетите од земените кредити.
– Ова е прва од мерките од четвртиот пакет економски мерки која почнува да се реализира. Државата е партнер на стопанството и граѓаните, ова зголемување на грејс периодот за отплата на кредитите од Ковид 1 ќе им даде дополнителна ликвидност на корисниците во овој последен квартал од годината за пребродување на кризата, стои во објава на ФБ на Министерството за финансии.
Бескаматната кредитна линија Ковид 1 на РБРСМ во вредност од 5,5 милиони евра, беше наменета за најпогодените дејности на почетокот на ковид кризата, односно за угостителстката, транспортната и туристичката дејност.
– Од оваа линија беа одобрени 737 кредитни апликации на компании кои вработуваат 6509 лица. Од нив, 77 отсто беа микро, 21 отсто мали компании, а два отсто средни компании, стои во објавата.