Македонските надежи ќе го наплаќаат долгот во Казахстан

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година денеска (13 часот) и гостува на соодветната селекција на Казахстан, кој и е должник од првата средба одиграна пред една година во Скопје во рамките од 6. квалифиакциска група за ЕП-2021. Избраниците на македонскиот селектор Благоја Милевски тогаш го надиграа противникот, но поради една грешак беа казнети и на крајот мораа да се задоволат со реми (1:1). Реванш-пресметката во Алмати  ќе биде прилика за македонските надежи да си го наплатат долгот од Казахстан, со кого се во трка за втората позиција во групата и надежта дека ќе обезбедат нов, втор настап на евро-завршница.

Македонија во продолжението од квалификациите по прекинот поради пандемијата од коронавирусот, во септемрискиот настап славеше на гостувањето кај Фарските острови со 2-1 и се проби на втората позиција со 10 бода колку што има и Казахстан, но има и натпревар повеќе. На крајот од квалифиакциите петте најдобро вторпласирани селекции од деветте квалификациски групи покрај победниците обезбедуваат настап на ЕП 2021.

Казахстан им е голем должник на македонските репрезнтативни надежи од првиот меч кога искажаа лоша реализација, па сега имаат можност тоа да го поправат.

Казахстан минатиот месец имаше два дијаметрано спротивно резултатски настапи. Дома загуби убедливо од Црна Гора со 0-4, а на гостувањето во Израел триумфираше со 2-1.

Во 6. квалифиакциска група Шпанија е лидер и речиси со обезбеден настап на ЕП, има 16 бода (шест меча), Македонија е втора со 10 (шест меча) и подобра гол-ралзика од Казахстан кој има исто бодовно салдо (од седум меча), следи Израел со 8 (6 меча) кого го пречекуваме в среда во Скопје, Црна Гора е претпоследна со 7 (7 меча), а Фарските острови се последни со три бода (шест меча).

Треба да знаете
Последни објави