Деца бегалци со сериозни здравствени проблеми, заедно со нивните семејства вчера заминаа од Грција за Германија.
Како што соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција, станува збор за 91 бегалец, во рамките на програмата за релокација на 243 сериозно болни деца бегалци, а заедно со нивните семејства се вкупно 928 баратели на азил.