Рамос рекордер во репрезентацијата на Шпанија

Дефанзивецот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Серхио Рамос учествуваше на пријателскиот натпревар против Португалија одигран синоќа во Лисабон (0:0).

Триесет и четиригодишниот Шпанец влезе на теренот во 82-та минута и стигна до вкупна минутажа во репрезентацијата 13.340 минути. Тој стана рекордер по овој индикатор, пред голманот Икер Касилјас, кој одигра 13.336 минути за националниот тим.

 

Треба да знаете
Последни објави