Министерот за внатрешни работи во денешното гостување во Дневникот на Сител рече исклучок за неносење маски треба да бидат само професионалните спортисти.
-Се знае исклучокот ако е за спортување во кој обем треба тоа да го направиме – само за оние кои што се професионални спортисти, на кои спортувањето односно тренингот им е секојдневен. Додека за сите останати треба да важи носењето на заштитните маски поради тоа што се покажува низ податоци кои се прибираат не само кај нас, туку и во светот дека заштитата со носењето на маски е поголема отколку движењето без маска. Се загрозува личното здравје, но и здравјето на другите, а дополнително и ширењето на болеста добива на замав, рече Спасовски.
Вели дека од здравствен аспект ќе има сериозни аргументи зошто се донесени.
-Јас сум приврзаник за тоа да направиме мерки кои што превентивно ќе делуваат подобро отколку да одиме на потешки рестрикции во државата, рече Спасовски.