Шаландес: Како Пандев можеше да дојде, а нашиот капитен Рахмани не !?

Селекторот на фудбалската репрезентација на Косово, швајцарскиот стратег Бернард Шаландес на пресот пред мечот против Македонија се пожали дека неможе да ги разбере некои работи околу пристигнувањето на капитенот на тимотАмир Рахмани од Италија.

Рахмани кој е член на калчолигашот Наполи заглави во Неапол поради карантинот кој им беше одреден со појавата на коронавирусот кај некои играчи. Тој посочи дека се обиделе како федерација да го донесат капитенот во Скопје за дуелот со Македонија, но нивната мисија била неуспешна.

-Не можам да го разберам ова што се случуваше. Ние на секаков начин се обидовме да го доведеме Рахмани, но не ни дозволија. Коминициравме со УЕФА, Италија, Наполи…Но тој не дојде. Сега сакам објасниување како нашиот капитен не можеше да дојде, а капитенот на Македонија, Горан Пандев успеа да дојде иако во неговиот клуб Џенова имаше поголем проблем со заразени од коронавирусот, се пожали Шаландес.

Во наполи заглави и македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас.

Треба да знаете
Последни објави