Полската тенисерка, Ига Швјонтек ја елиминираше Надја Подороска со 6: 2, 6: 1 и се пласираше во финалето на „Ролан Гарос”. Швјонтек и препушти само три гема на Аргентинката, а таа го направи претпоследниот чекор на патот до трофејот по 72 минути.
Швјонтек, која пристигна во Париз како 54-та во светот, стана тенисерка со најнизок ранг, која стигнала до финалето на „Ролан Гарос” од 1984 година.
Таа не загуби сет на патот до финалето (12:0), а доколку ја добие борбата за трофејот, следната недела ќе ја пречека како 17-та на ВТА-листата, а во спротивно ќе стигне до 24-тата позиција.
Вториот учесник во финалето ќе биде Софија Кенин, која ја совлада Петра Квитова.
See ya soon, Iga 👋@SofiaKenin passes the Kvitova test 6-4 7-5 to reach a first #RolandGarros final and improve to 16-1 in Grand Slams this season.#RolandGarros pic.twitter.com/MjHYqz2YYs
— Roland-Garros (@rolandgarros) October 8, 2020