Во Црна Гора во еден ден повеќе заразени отколку во целиот прв бран на епидеммијата Ковид-19

Во Црна Гора денеска има рекордни нови 344 случаи на заразени со новиот коронавирус, што значи дека денешниот број е поголем од вкупниот број на заразени во првиот бран на епидемијата, кога беа регистрирани вкупно 324 случаи од средината на март до почетокот на мај.

Црногорските епидемиолози предупредија дека бројот на заразени лица на дневно ниво може да се зголеми до крајот на неделава, особено во Подгорица.

Точно половина од новите регистрирани случаи денеска се од главниот град на Црна Гора, што доколку продолжи овој тренд на зголемување на бројот на пациенти, може да влезе во „црвената зона”, што значи воведување рестриктивни мерки како затворање ресторани и воведување полициски час од 22 до 05 часот.

„Во моментов има 3.828 активни случаи во Црна Гора, што е 608 пациенти на 100.000 жители”, велат црногорските здравствени власти, додавајќи информации за три нови жртви на коронавирус во последните 24 часа.

„Вкупниот број на смртни случаи поврзани со инфекцијата од почетокот на јуни е 185, а од почетокот на годината 194″, беше соопштено денеска.

Треба да знаете
Последни објави