Европската ракометна федерација (ЕХФ) одложи уште еден натпревар во машката Лига на шампионите. Нема да се игра натпреаврот од 4. коло во Б групата, меѓу Мотор Запорожје и Кил кој беше закажан за 14 октомври.
Во редовите на украинскиот тим Мотор Запорожје има позитивни на коронавирусот вкупно 14 ракометари и тимот ќе мора да остане во карантин.
Коронавирусот беше причина да не се играат во предвидените термини и два натпревари на македонскиот првак Вардар во „А“ групата, против Елверум (Норвешка) и Пик Сегед (Унгарија).
Одложувања има и во женската ракометна ЛШ, односно на 11 октомври нема да играат Валчеа (Романија) и Подравка (Хрватска). Поради одлука на локалните власти во Валчеа во врска со ситуацијата со ковид-19.