Напаѓачот на Милан Златан Ибрахимовиќ се враќа на тренинзи, откако попладево објави дека оздравел од коронавирусот порачувајќи му во негов стил да се е..
„Подобар сум. Здравствените власти потврдија, карантинот завршi. Одиме надвор“, напиша Ибрахимовиќ на социјалните мрежи, проследено со два хаштази – : #fuckcovid19 #godiscomingforyou “
Sei guarito!
Autorità sanitarie avvertite, la quarantena è finita.
Puoi uscire! #fuckcovid19 #godiscomingforyou— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) October 9, 2020
По Ибрахимовиќ и Милан излезе со соопштение.
-Милан сака да соопшти дека Златан Ибрахимовиќ е тестиран негативно на два последователни теста. Тој излегува од карантин“, стои во соопштението на Милан.
Ибра сега ќе се подготвува за дербито на Милано, мечот против Интер на програмата е на 17. октомври откако ќе заврши паузата за репрезентации.